ММА борец почина по два дена откако беше нокаутиран во дебито

Аматерскиот ММА борец Кристијан Лубенга почина на 27-годишна возраст само по два дена откако претрпе пораз со нокаут во својата прва битка во октагонот.

Битката била на 12 март во Спрингфилд, САД, а Лубенга загубил со нокаут во третата рунда од Коди Мекракен, кој исто така бил дебитант. По дуелот, Лубенга бил префрлен во болница и по два дена неочекувано починал таму.

Причината за смртта уште не е утврдена. Од организацијата чиј член бил Лубенга објавија дека се шокирани бидејќи борбата не била многу насилна и не делувало дека Лубенга е посериозно повреден.

- Оглас -

Најнови вести