Многу дилеми за обложувачите: Реал или Партизан, Таварес или Пантер, како ќе биде без Дек и Аврамовиќ? (Фото)

Фајналфор четворката во кошаркарската Евролига ќе се комплетира вечерва, по завршувањето на петтите решавачки мечеви меѓу Реал Мадрид и Партизан, како и оној на Монако со Макаби Тел Авив.

За нашата јавност, па и за мнозинството обложувачи кои планираат да уплатат тикет во Sport Life, многу попривлечен е дуелот во Мадрид. И Реал и Партизан имаат свои адути, а за жал на неутралните, само еден од овие два тима ќе оди на фајналфорот во Каунас.

Вкупно 21 кошаркар има во понудата на Sport Life за број на поени, а може да погодувате и кој поединец од понудените колку скокови ќе има и колку асистенции.

Од Партизан најмногу поени се бараат од повратникот Пантер, кој ја одлежи суспензијата од два меча. Со него во состав, Партизан победуваше, а без него губеше. Кај Партизан ќе фали плејмејкерот Аврамовиќ и тоа е минус за Црно-белите, кои ќе се потпираат на Мадар.

Искусниот Реал знае како да добива важни мечеви, игра дома, во психолошка предност е по двете победи по ред во Белград, но Кралскиот клуб има голем проблем, а тоа е позицијата крилен центар. Повреден е Дек, суспендиран е Јабуселе и тоа може да биде шанса за Лидеј од Партизан да биде поефикасен од вообичаеното.

Од играчите на Реал, најмногу поени се бараат од центарот Таварес, кој доминираше на двата меча во Белград, но ќе треба да се најде џокерот кој ќе го надмине својот просек и ќе го надомести отсуството на Дек.

- Оглас -

Најнови вести