Изминатиов викенд имаше голем број добитни тикети во Sport Life, а еден посебно е интересен. Обложувач кој уплатил во Кавадарци има одиграно само четири меча на тикетот, и тоа сите од германската Бундеслига кои се играа во попладневниот термин во саботата.
Интересно е дека и сите четири средби се одиграни на иста комбинација, а тоа е двете екипи да постигнат гол во првото полувреме. Штутгарт и Лајпциг на полувреме одиграа со резултат 2:1, а резултатот на Вердер и Фрајбург на полувреме беше 1:1.
На Волфсбург и Келн беше 0:0 до 38-мата минута, а потоа во помалку од 180 секунди, двата тима постигнаа по еден гол за 1:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Најдраматично беше на дуелот меѓу Хофенхајм и Хајденхајм. Гостите поведоа со гол во 29-тата минута, а во 45+7 минута домаќините благодарение на ВАР-системот, добија пенал и погодија за 1:1. Веднаш потоа заврши првото полувреме, а ова беше резултат и на крајот од средбата.