11.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Многу емотивен момент за Ѓоковиќ: Здогледа една сцена и заплака како мало дете (Видео)

Новак Ѓоковиќ со победа од 2:0 стартуваше на АТП-турнирот во Атина. Србинот славеше над Алехандро Табило, што е прва победа за Ноле во третиот меч со овој ривал.

Освен победата, која многу му значи, овој меч ќе се памети по тоа што се случи по неговото завршување. Ѓоковиќ беше многу емотивен кога на големиот екран во салата беше пуштено видео посветено на Никола Пилиќ.

Пилиќ, кој неодамна почина, се смета за „тениски татко“ на Ѓоковиќ. Тој му беше тренер на Новак додека беше дете. Кога Ноле ја виде снимката посветена на Пилиќ, не успеа да ги задржи емоциите и солзите, па заплака.

„Тој не беше мој тренер, тој беше дел од моето семејство. Никогаш немаше да станам тоа што сум денес ако не беше Пилиќ“, рече Ѓоковиќ, бришејќи ги солзите од очите.

- Оглас -

Најнови вести