Многу голови донесоа многу добитни тикети со големи добивки

Уште еден успешен викенд имаа обложувачите во Sport Life откако беа погодени голем број на тикети и беа исплатени одлични добивки. Во Гостивар е уплатено ливче со шест меча на комбинацијата да има 4+ погодоци, а на крајот добивката е одлична затоа што само за 40 денари уплата, бруто-добивката е 272.269 денари. Во оваа добивка има и бонус од 29.118 денари.

Сите средби се одиграни во петокот вечерта. ДР Конго ја победи Гвинеја со 3:1, што е по малку неверојатен резултат ако се знае дека на Африканскиот куп на нациите ретко има повеќе од два гола, а не пак да биде 4+, што носеше квота од 6.25.

Лече ја победи Фиорентина со 3:2, а дури четири погодоци паднаа во второто полувреме. Драматичен беше финишот кога Лече израмни на 2:2 во 90-тата минута, а потоа даде и трет погодок за пресврт. Атлетик Билбао убедливо со 4:0 ја победи Мајорка, а четвртиот погодок беше постигнат во 89-тата минута.

Во италијанската Серија Ц, Губио со 3:1 славеше кај ВИС Песаро. На гостински терен одличен беше и Гуарини, кој со 4:1 го победи Насионал Асунсион во првенството на Парагвај. Последен меч на тикетот е дуелот меѓу Сера Ес и Јагуар Ес, а домаќинот победи убедливо со 5:0.

ВЕРУВАШЕ ВО ФАВОРИТИТЕ ДЕКА ЌЕ ПОСТИГНАТ БАРЕМ ДВА ГОЛА ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ И УБАВО ЗАРАБОТИ

Во Тетово е уплатен добитен тикет кој само со четири пара и влог од 200 денари донесе исплата од 88.691 денари. Тактиката на сите четири средби е иста, а тоа е екипата која важи за фаворит да постигне барем два гола во првото полувреме. Сите четири дуела се од англиската Премиер лига, каде што едноставно имаше „дожд од голови“ речиси на сите натпревари.

Астон вила доминираше на гостувањето кај Шефилд јунајтед и победи со 5:0, а госитите во првиот дел постигнаа дури четири гола. Убедлив беше и Брајтон пред своите навивачи против Кристал палас, па домаќините на полувреме водеа со 3:0, а на крајот славеа со 4:1.

Њукасл и Лутон одиграа фантастичен меч кој заврши 4:4, а на полувреме резултатот беше 2:2. На тикетот беше потребно Њукасл да даде два гола, а тоа се случи само по 25 минути од почеток на средбата. Тотенхем на гости кај Евертон водеше со 2:1 на полувреме благодарение на двата погодоци на Ришарлисон и тоа беше доволно за да се погоди играта Т2 2+ прво.

 

- Оглас -

Најнови вести