Многу голови ќе има на дербито во Бундеслигата, обратно ќе биде на дуелот на кој игра Јувентус

1007 Вулверхемптон – Ливерпул (18:30 ч.)

Дуел на две екипи кои сосема различно ја почнаа сезоната во Премиер лигата. Ливерпул има четири победи од пет кола, додека Вулверхемптон е катастрофален и со само едно реми од пет дуели е на последното место на табелата.

Ако Ливерпул сака да покаже шампионски амбиции, несомнено мора да победува против вакви ривали на гости. И традицијата е на страна на Црвените, па во последните 13 меѓусебни дуели, Ливерпул се радувал 11 пати.

Предлог тип: 2&2-4 (2.24)

 

1705 Монако – Монпелје (21 ч.)

Монако е одличен на стартото од новото првенство и има четири победи и едно реми, а со само два примени гола ја има најдобрата одбрана досега. Од друга страна, Монпелје ја има најслабата дефанзивна линија во лигата и досега прими 15 голови во пет меча, односно три гола по средба. На последните седум меѓусебни дуели скеогаш имао барем по два погодоци, а Монако се радувал пет пати додека Монпелје на две средби бил подобар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)

 

3003 Џенова – Јувентус (18 ч.)

Јувентус е единствен тим во Топ 5 лигите во Европа кој уште нема примено ниту еден гол, што само покажува каква е одбраната на италијанскиот гигант. Сепак, проблем за Старата дама е реализацијата, па во последните три кола одигра 0:0. Повеќе од 350 минути Јуве нема дадено гол во Серија А.

Џенова игра цврст фудбал, посебно кога е дома, но овојпат проблем ќе биде тоа што се казнети и мечот ќе се игра пред празни трибини, односно без навивачи.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.05)

 

1807 Баерн Минхен – Баер Леверкузен (18:30 ч.)

Меч кој денеска е фокусот на фудбалска Европа. Најтрофејниот Баерн е домаќин на актуелниот првак Баер. Во последните три меѓусебни дуели, екипата од Леверкузен има две победи и едно реми, но минхенскиот гигант сезонава започна силовито, па Баерн има перфектни 12 бода од четири кола и дури 16 дадени погодоци.

Двете екипи играат офанзивно, без многу калкулации, а Баер сезонава на сите мечеви и даде и прими голови и имаше барем пет погодоци на средба.

Предлог тип: ГГ4+ (2.09)

 

1307 Реал Сосиедад – Валенсија (18:30 ч.)

Еднакво лош старт на сезоната имаат двата тима. По седум меча билансот им е по една победа, две реми и дури четири порази. Сосиедад со само три погодоци е најнеефикасната екипа, а ништо подобра не е и Валенсија која погодила само пет пати сезонава.

Дури и традицијата вели дека не треба да се очекуваат голови, затоа што на последните шест меѓусебни пресметки дури пет пати имало максимум еден гол, а еднаш завршило 1:1.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.73)

 

- Оглас -

Најнови вести