Многу интересни зголемени квоти: На 12 натпревари се очекува домаќините да победат, гостите фаворити само на четири дуели

Денешниот Супер тип има стандардно 16 натпревари со специјално зголемени квоти, во кои очекувано доминира фудбалот, но има и натпревари во хокеј на мраз и тенис.
На дури 12 натпревари, домаќините се фаворити, додека зголемени квоти за гостите има само на четири натпревари.

Понудата започнува со дуелот од Серија А меѓу Аталанта и Лече, а специјално зголемена квота има за тимот од Бергамо и изнесува 1.66.

Рен е фаворит против Клермон (1.70), Фиорентина против Емполи (1.77), Лех против Заглебје (1.76), Тотенхем против Вест Хем (2.00), Брага против Арука (1.52), а од гигантите тука е Атлетико Мадрид кој го игра дербито на колото во Ла Лига против Атлетик Билбао. Специјално зголемената квота за триумф на Јорганџиите изнесува 2.22.

Од гостите, фаворитска улога имаат Салцбург против Тирол (1.60), како и Твенте против Го Ахед Иглс (2.05).

Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.

- Оглас -

Најнови вести