Фудбалот доминира во денешниот Супер тип на обложувалницата Sport Life, во кој има 16 натпревари со зголемени квоти, но атрактивни се и кошаркарските предлози, а тука е и едното полуфинале на ЕП во ракомет за жени.
Овие квоти во Супер типот се поголеми од тие во билтенот и додатокот и може да се искористат како џокери за подобрена потенцијална добивка. Тука се мечеви на коишто има големи фаворити, има и средби кои на хартија се понеизвесни, па треба да одберете дали ќе прифатите поголем ризик или ќе одите на посигурна варијанта.
За кошарките, Супер тип предлозите се само за конечен тип, а меѓу другите, зголемени квоти има за пораз на европскиот првак Панатинаикос, за пораз на Црвена ѕвезда дома од Олимпијакос или за победа на одличниот дебитант Париз во француското дерби со Асвел.