21.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Многу комбинации и возбудувања во Лигата на шампионите

6712 Малме – РФС (19 ч.)

Уште на првиот меч на гостински терен Малме покажа супериорност и победи со убедливи 4:1, па денешниот реванш ќе биде формалност. Сепак, сигурно Малме ќе сака и пред своите навивачи да биде ефикасен и уште еднаш да приреди гол-шоу, па може да се очекува ефикасен дуел со погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.21)

 

6714 Лудогорец – Риека (19:30 ч.)

Бугарскиот првак издржа на првиот меч на гости и одигра без голови, па сега пред своите навивачи доволно ќе биде домаќините да стигнат до каква било победа за да одат во следната фаза.

Лудогорец е тим кој игра дефанзивно, цврсто во одбраната, па нема да биде изненадување ако и само еден момент биде решавачки на оваа средба.

Предлог тип: 0-1 I 0-1 II (2.18)

 

6716 Панатинаикос – Ренџерс (20 ч.)

Шкотскиот првак фантастично ја искористи предноста на домашен терен и победи со 2:0 на првиот меч, па Панатинаикос ќе има голем предизвик да ја анулира оваа негатива во Атина.

Фактот дека грчкиот тим нема да има многу можност за калкулации, може да се очекува ПАО да тргне офанзивно уште во раната фаза, што е предзнак за интересна пресметка.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.15)

 

6719 Салцбург – Бран (20:45 ч.)

Салцбург е тим кој беше дел и на Светското клупско првенство, па и за очекување е што е за класа подобар од норвешкиот ривал. Салцбург на гости победи убедливо со 4:1 и сега пред своите фанови треба да го потврди пласманот во следната фаза од Лигата на шампионите.

Офанзивна игра го краси австрискиот тим, па нема да биде изненадување ако повторно има многу погодоци.

Предлог тип: 1&3+ (1.78)

 

6730 Сервет – Викторија П’лзењ (21 ч.)

За многумина беше големо изненадување победата на Сервет на првиот меч на гости. Швајцарскиот тим беше ориентиран на одбрана, а на крајот победи со 1:0, иако Викторија П’лзењ постојано напаѓаше.

Сега ќе биде интересно да се види дали Сервет вторпат ќе одолее на нападите на тимот од П’лзењ, но сигурно дека фудбалерите на чешкиот тим ја научија лекцијата од првите 90 минути.

Предлог тип: 2 (1.92)

 

- Оглас -

Најнови вести