35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Многу легенди на Црвена ѕвезда доаѓаат утре во Скопје на хуманитарниот меч со Вардар

Фудбалските клубови Вардар и Црвена ѕвезда утре од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе одиграат пријателски хуманитарен натпревар во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани, а на средбата потврдено е присуство на многу легенди и ветерани на српскиот гигант и некогашен европски и светски првак.

Ѕвезда потврди дека дел од хуманитарниот натпревар во Скопје ќе бидат легендарните фудбалери како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Санибал Ораховац, Владислав Мирковиќ, Драги Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов, итн.

Тие ќе излезат на терен на полувремето од натпреварот и ќе направат почесен круг, а пред мечот ќе се дружат со навивачите на Црвена ѕвезда во фан-зоната.

- Оглас -

Најнови вести