Македонија одигра лошо во првото полувреме против Холандија и губи со 18:11, во меч од второто коло на Светското ракометно првенство.
Македонија добро го отвори дуелот и прва даде гол. Потоа водевме и со 2:1 и 3:2 кога Манасков даде гол, а Холандија доби исклучување од две минути. И тогаш, наместо да продолжиме со добра игра, плус со играч повеќе на теренот, се случи спротивното.
Холандија со серија од 5:0 стигна до предност од 7:3 во 10 минута и тоа беше знак селекторот Кирил Лазаров да побара тајм аут. Следуваше погодок на Манасков од пенал за прекин на серијата на противникот.
Сепак, Холандија ја заврша предноста од четири гола најмногу благодарение на Каи Смитс кој даде пет гола во првите 15 минути кога Лалињата водеа со 9:5. Следуваа неколку добри минути на Македонија и со низа од 3:1 стигна до два разлика (8:10) во 18 минута, а потоа беше и 9:11.
За жал, по тајмаутот на Холандија, ривалот повторно влезе во добра серија и со серија од 4:0 прв пат стигна и до шест гола предност 15:9 во 25 минута, а на полувреме заминаа до предност од седум разлика.
Пешевски, Кузмановски, Атанасијевиќ и Манасков постигнаа по два гола кај Македонија, додека кај Холандија незадржливи беа Смитс и Бијенс со по пет погодоци, додека Бумхауер погоди четири пати.