25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Многу негови фанови се во паника кога видоа како изгледа стапалото на Ѓоковиќ (Фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без многу проблеми се пласира во второто коло од Отвореното првенство на САД откако со 3:0 во сетови го победи домашниот натпреварувач Лирнер Тиен. Со оваа победа, Ѓоковиќ испиша уште еден рекорд, правејќи подвиг кој не му успеал на ниту еден тенисер претходно.

Фановите на Ноле беа задоволни од играта на нивниот миленик, но сепак се малку уплашени во пресрет на второто коло. Не е стравот поради противникот на Ноле, а тоа е 22-годишниот Американец Закари Свајда.

Стравот е поради повредата која Ѓоковиќ ја има на стапалото и поради која бараше и медицински тајмаут во дуелот од првото коло. Посебно лошо изгледа прстот на Ѓоковиќ, но сигурно неговиот лекарски тим ќе ја санира во пресрет на следниот предизвик што го чека 24-кратниот освојувач на грандслем-титули.

- Оглас -

Најнови вести