Ако се погледнат квотите во обложувалницата Sport Life посветени на тоа кој ќе ги освои Лигта на Европа и Конференциската лига на УЕФА, излегува дека поголема е неизвесноста во понеквалитетното натпреварување.
Во Лигата на Европа, ако се суди според квотите, фаворити за влез во финалето во Севилја се Лајпциг и Вест хем, а германскиот тим е главен кандидат за трофејот. На Глазгов ренџерс не му се даваат големи шанси, додека Ајнтрахт ќе бара шанса како фаворит од сенка.
За Конференциската лига, за Лестер и Марсеј квотите се исти, малку зад нив е Рома, а најмали шанси му се даваат на Феенорд, иако и таа квота е помала од онаа дека Ајнтрахт би ја освоил Лигата на Европа.