Многу е понеизвесна битката за првак во Конференциската лига отколку за во Лигата на Европа (Фото)

Ако се погледнат квотите во обложувалницата Sport Life посветени на тоа кој ќе ги освои Лигта на Европа и Конференциската лига на УЕФА, излегува дека поголема е неизвесноста во понеквалитетното натпреварување.

Во Лигата на Европа, ако се суди според квотите, фаворити за влез во финалето во Севилја се Лајпциг и Вест хем, а германскиот тим е главен кандидат за трофејот. На Глазгов ренџерс не му се даваат големи шанси, додека Ајнтрахт ќе бара шанса како фаворит од сенка.

За Конференциската лига, за Лестер и Марсеј квотите се исти, малку зад нив е Рома, а најмали шанси му се даваат на Феенорд, иако и таа квота е помала од онаа дека Ајнтрахт би ја освоил Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести