Голем број играчи веќе ги оставија своите типови за натпреварите од новото, 19-то коло на бесплатната Спортска прогноза, а доколку не сте го наравиле тоа, треба да го сторите денеска или најдоцна до сабота во 14 часот, до кога може и да ги менувате вашите прогнози.
Три дерби-дуели ја збогатуваат саботната понуда. Во Бундеслигата Баер Леверкузен е домаќин на Баерн Минхен, во Серија А имаме пресметка на Рома и Интер, додека во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид ќе ја пречека Жирона.
Според досегашните проценти, прогнозерите не веруваат дека Рома може да го победи Интер (само 12 проценти типувале кец на Римјаните), поделеноста е голема за дуелот во Леверкузен, засега најмногу (38 проценти) се изјасниле за нерешено, а во Шпанија имаат фаворит, дури 77,2 отсто сметаат дека Реал ќе ја победи Жирона.
Голем фаворит на мнозинството прогнозери е и Атлетико Мадрид, кој гостува кај Севиља, а 71,8 отсто типуваат победа на Јорганџиите. Многу потесно е кај Астон вила – Манчестер јунајтед, каде што 45,3 проценти веруваат во победа на домашните, а 31 процент прогнозираат победа на Манчестер.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!