Многу се осум порази: Пеп ќе ја стегне одбраната со стоперот на Наполи

Манчестер сити ги започна преговорите за ангажман на Калиду Кулибали, дефанзивецот на Наполи. Се шпекулира дека трансферот на 29-годишниот сенегалски стопер ќе изнесува 72,5 милиони фунти (80 милиони евра).

За Кулибали веќе извесно време постои голем интерес од неколку европски гиганти, пред сè од ПСЖ и Манчестер јунајтед, но тој наводно изразил желба да игра под палката на Пеп Гвардиола.

Ангажманот на Кулибали ќе биде големо засилување Граѓаните со оглед на тоа дека им е потребно освежување во одбраната. Сити оваа сезона во Премиер лигата претрпе осум порази во 31 натпревар, два повеќе од претходните две сезони заедно кога екипата на Гвардиола ја освојуваше шампионската титула последователно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести