Многу среќа за Сити: Технологијата на гол-линијата ги спасува против Ливерпул (видео)

Премиерлигашкото дерби од 21-вото коло меѓу актуелниот шампион Манчестер сити и лидерот Ливерпул започна со многу возбудувања. Темпото е високо, а и двете екипи засега се обидуваат да пробијат и да го направат првиот чекот кон освојување на трите бода.

Засега гостите од Мерсисајд ја имаа најконкретната закана, откако Мане се најде во позиција да го совлада Едерсон, Сенегалецот го погоди дирекот, а одбиената топка за малку ќе завршеше во мрежата по лошата реакција на Стоунс.

Сепак, на сцена стапи технологијата на  гол-линијата, која покажа дека милиметри недостасуваа за Ливерпул да поведе на „Етихад“.

https://twitter.com/FanSportsClips/status/1080921759023390720

https://twitter.com/ManCity_TV/status/1080923849951272960

- Оглас -

Најнови вести