Многу веруваше во Мурињо и затоа остана без мобилен телефон IPhone XS на Спортска прогноза

Поразот на Тотенхем на свој терен во градското дерби против Челзи посебно го разочара Ахмет А., играч на Спортска прогноза, кој викендов имаше речиси перфектен биланс. Од досега одиграните 12 мечеви, Ахмет успеа да погоди дури 11, а киксот го направи на лондонското дерби.

Ахмет верувал дека Жозе Мурињо со Тотенхем ќе успее да го победи својот поранешен клуб, но на крајот гостите победија со 2:0. Поради овој резултат, Ахмет веќе не е во трка за освојување на главната премија мобилен телефон IPhone XS, кој се доделува за Среќна 13-ка.

Сепак, ова одлично прогнозирање на Ахмет нема да остане за џабе. Тој ќе добие вредносен ваучер од Sport Life, а дилемата е дали ќе биде од 500 или од 1.000 денари. Доколку Денизли вечерва ја победи Аланија, тогаш Ахмет ќе има 12 погодоци во ова коло и ќе си добие ваучер од 1.000 денари.

Ако Ахмет чека „кец“, останати двајца прогнозери се за други две опции, за и тие да добијат ваучери. Далибор и Ристо имаат по 10 погодоци досега, па ако бидат точни со прогнозата на последниот дуел, ќе добијат ваучер од 500 денари, колку што се добива за 11 погодоци. Далибор чека турскиот дуел да заврши нерешено, додека Ристо верува во „двојка“ за Аланија, па да добие ваучер од 500 денари.

Ова 16-то коло на Спортска прогноза покажа како на една бесплатна игра може да се дојде до вредни добивки, иако мобилниот телефон IPhone XS за малку избега.

 

- Оглас -

Најнови вести