Хрватот Дејан Ловрен, Чехот Јан Боржил и Велшанецот Итан Ампаду се тројцата фудбалери кои не може да играат во осминафиналето на ЕВРО 2020 поради суспензија. Првите двајца добија по два жолти картони во групната фаза и затоа се казнети, додека младиот Велшанец доби директен црвен картон во третото коло против Италија, па нема право на настап во осминафиналето против Данска.
Во секоја репрезентација која ќе игра осминафинале има по некој поединец кој мора да внимава да не пожолти бидејќи тоа би значело неиграње во четвртфиналето ако неговата репрезентација влезе меѓу осумте најдобри во Европа.
Ова е листата на играчи кои се на еден картон од суспензија:
Матео Песина (Италија), Давид Алаба, Даниел Бахман, Штефан Лајнер (Австрија), Џозеф Ален, Бен Дејвис, Крис Гантер, Кристофер Мефам, Кифер Мур (Велс), Микел Дамсгард, Томас Дилејни, Матијас Јенсен, Даниел Вас (Данска), Торган Азар (Белгија), Рубен Дијаш (Португалија), Мартен де Рон (Холандија), Адам Хложек, Лукас Масопуст (Чешка), Антоан Гриезман, Лукас Ернандес, Преснел Кимпембе, Уго Љорис, Бенжамен Павар (Франција), Брел Емболо, Марио Гаврановиќ, Кевин Мбабу, Фабијан Шер, Гранит Џака (Швајцарија), Марцело Брозовиќ, Дује Чалета-Цар, Матео Ковачиќ (Хрватска), Жорди Алба, Серхио Бускетс, Пау Торес, Родри (Шпанија), Маркус Даниелсон, Микаел Лустиг, Матс Олсон (Шведска), Микола Шапаренко, Серхиј Сидорчук (Украина), Фил Фоден, Киран Трипие (Англија), Матијас Гинтер, Илкај Гундоган, Кај Хаверц, Џошуа Кимих и Лерој Сане (Германија).