Многу ѕвезди почнаа таму, а сега клубот е француски второлигаш

Францускиот второлигаш Ле Авр е клуб во којшто низ неговата историја во последните 20 години продефилираа многу ѕвезди, пред сè француски со африканско потекло. Сега сите знаат за еден Пол Погба, Ријад Марез, Димитри Паје, голманите Карлос Камени и Стивен Манданда, но кога тие почнуваа како професионални фудбалери во Ле Авр, не беа познати.

На листата на најпознати ексчленови на Ле Авр се: Карлос Камени (играше таму од 2000 до 2004 година), Стив Манданда (2000-2008), Димитри Паје (1999-2003), Ласана Дијара (2003-2005), Пол Погба (2007-2009), Ријад Марез (2010-2014), Бенжамен Менди (2010-2013), Ферлан Менди (2013-2017).

Навистина импресивна листа во која овие фудбалери сега ги носат дресовите на гиганти како: Реал Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Олимпик Марсеј.

Очигледно дека тој клуб е расадник на таленти и за некоја година можеби некој од сегашните второлигашки играчи во тимот ќе стане репрезентативец и позната ѕвезда во светот на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести