Многумина бараа суспензија, но Ѓоковиќ со право ја одбил допинг-контролата пред мечот

Новак Ѓоковиќ постојано е во центарот на тениската јавност. Најдобриот тенисер во светот не успеа да ја заврши годината и со трофеј од Дејвис купот откако Србија по голема борба загуби од Италија во полуфиналето, а потоа Аѕурите лесно во финалето ја победија и Австралија.

Токму за време на Дејвис куп-дуелите, и тоа против Велика Британија, од Ѓоковиќ беше побарано да направи допинг-контрола пред мечот. Србинот тоа го одби со образложение дека пред дуел не може да даде крв и урина, туку тоа ќе го стори по завршување на натпреварот.

Овој потег на Ѓоковиќ наиде на жестоки реакции кај дел од светската јавност. Имаше и такви кои бараа Ѓоковиќ да добие суспензија затоа што одбил ја одбил допинг-контролата пред мечот, но Меѓународната агенција за интегритет на тенис (ИТИА), јасно кажа дека немало никаква грешка.

„Важно е да се нагласи дека Ѓоковиќ не одбил да оди на допинг-контрола. Правилото е дека играчите треба да бидат известени, а потоа да се тестира колку може побрзо. Во натпреварување како што е Дејвис купот, играчите може да бидат известени пред мечот, додека во другите натпреварувања тоа вообичаено се прави по завршување на средбата. Тоа е веќе вообичаена процедура. Тенисерите имаат право да одлучат дали ќе се тестираат пред мечот или по него. Ако сами не одлучат, автоматски ќе бидат тестирани по завршување на дуелот“, стои во објаснувањето на Меѓународната агенција за интегритет на тенис (ИТИА).

Ѓоковиќ беше многу лут кога од него побараа да се тестира велејќи дека во 20 годишна кариера ова првпат му се случува.

„Поддржувам да има тестирање, ако треба и стопати, но тоа да биде по мечот. Кога ќе завршам, дојдете тестирајте ме. Пред мечот јас има своја рутина, не ми треба некој да ме дефокусира, да мислам за тоа дека треба да дадам крв и урина. Во 20 годишната кариера никогаш ми се нема случено некој да бара од мене на еден саат пред мечот да одам и да правам тест за допинг-контрола“, луто реагираше тогаш Ѓоковиќ, а Србинот без проблем дозволи да му биде направен тестот по завршување на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести