Многумина бегаат од 13-ката, Куртоа моли за неа

Тибо Куртоа не размислува да си оди од Реал Мадрид, ќе треба да се бори за место во почетниот состав со Кејлор Навас, а Белгиецот веќе мисли на следната сезона и побарал да му биде даден дресот со бројот 13.

Иако за многумина 13-ката носи несреќа, на Куртоа овој број му е среќен и во кариерата најчесто го носеше токму бројот 13 на грбот. Сезонава во Реал, Куртоа го носеше бројот 25, затоа што 13-ката беше зафатена од Кико Касилја. Кико замина во Лидс, па сега „несреќниот“ број е слободен и Куртоа со задоволство би го прифатил. Дури и да си оди Кејлор Навас, Куртоа не би го земал дресот со бројот 1, туку го преферира бројот 13.

Куртоа освојуваше трофеи со Атлетико и Челзи со 13-ката на грбот. Кога дојде во Атлетико, му беше даден бројот 13, кој претходно го носеше Давид де Хеа, а и во Челзи во негово време се менуваа голмани, но Куртоа ѝ остана верен на 13-ката.

- Оглас -

Најнови вести