Тешко е да се поверува и прифати дека има луѓе што би се обложиле на домашни порази на Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд во ист ден, но се покажа дека имало такви, и го погодиле ова чудо кое се случи денеска за првпат во историјата на Бундеслигата, затоа и многумина коментираа на нашата објава за добитен тикет во Тетово со овие три парови.
„Да е жив фотошоп“, „Ова ни баба Ванѓа не би можела да го предвиди“, „Дај не бидете смешни, резил сте со објавиве“, се дел од коментарите на оние што не веруваат дека е вистински и реален тикетот уплатен попладнево во Тетово.
Но, има и спротивни коментари од типот „Поздрав до стручњаците кои не веруваат во тикетов“ со потврда дека тикетот со трите парови уплатен на 25 денари, е добитен и исплатен.
Се покажа и дека тој обложувач и не е единствениот што ги погодил „чудата“ во Германија.
Во Делчево со кеш-аут е исплатен многу богат тикет на кој истотака има двојки на Бохум против Баерн Минхен и на Вердер против Баер Леверкузен, па и ова е потврда поткрепена со фотографија дека чудата во обложувањето се можни, само треба да имате среќа и да „намирисате“ каде може да има изненадувања.