0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Многумина останаа изненадени: Нејмар го одбра најдобриот фудбалер од средниот ред во моментов (Видео)

Иако е далеку од препознатливата форма, сепак, Нејмар се уште е интересен за медиумите, па добива најразлични прашања. Едно од прашањата, односно одговорот на прашањето „кој е најдобриот фудбалер од средниот ред во моментов“, веројатно изненади многумина, а сигурно дека ги налути навивачите на Барселона.

Веројатно многумина очекуваа дека одоговорот ќе биде Педри од Барселона, но Бразилецот се одлучи за фудбалер на Реал Мадрид.

„Арда Ѓулер е неверојатен фудбалер. Има квалитет и тоа јасно се гледа. Мислам дека моментално тој е најдобриот фудбалер од средниот ред во светот.“ – рече Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести