Вечните белградски ривали Црвена ѕвезда и Партизан играат во дербито на 19-тото коло на кошаркарската Евролига, а тоа што се случува во белградската „Арена“ е нешто што го нема на друго место во ова натпреварување.
Повеќе од 20.000 навивачи во црвено-бела боја прават неверојатна атмосфера, а кошаркарите на Црвена ѕвезда на тоа возвратија со одлична игра во првото полувреме, кога имаа предност од 50:29.
Атмосферата која беше на трибините во белградската арена пред почетокот на мечот е нешто што ја обиколи цела Европа и вреди да се погледне.