Многумина веруваат во фаворитите Интер, Милан, Челзи, Севилја, Штутгарт…

Уште помалку од 24 часа остануваат до почеток на 28 коло на Спортска прогноза, па долколку ги немате дадено вашите фиксови на понудените 13 меча, треба да побрзате.

Во понудата се мечеви од Топ 5 лигите во Европа, а неколку дуели се означени како „сигурици“. Севилја е домаќин на Алавес, а преку 87 отсто од прогнозерите веруваат дека ќе биде „кец“.

Победи се очекува и на двата милански гиганти. Интер гостува кај Болоња и речиси 65 отсто од прогнозерите чекаат да биде „двојка“, додека Милан на свој терен игра со Аталанта, а над 55 отсто се со план Росонерите да се радуваат.

Со преку 60 отсто шанси за победа имаат и Челзи и Штутгарт, иако играат на гости кај Фулам, односно Унион Берлин.

Како и во секое коло, така и сега, главен предизвик за прогнозерите е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 фиксови. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви се добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11-ка следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести