Мнозинството прогнозери го отпишуваат гостинот во лондонското, а домаќинот во мадридското дерби

На еден ден до завршувањето на можноста да учествувате во четвртото коло сезонава на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, веќе се изјаснија голем број играчи и тие си имаат свои фаворити.

Првиот натпревар од ова коло на програмата е во сабота, во 15.30 часот, што значи дека дотогаш може да пополните Спортска прогноза, секако доколку досега не сте го сториле тоа.

Најголем предизвик во понудата е да се погодат исходите на градските дербија во Лондон и Мадрид кои се играат в недела.

За средбата на Арсенал и Тотенхем, фаворит на играчите на Спортска прогноза се Топчиите, За победа на домашната екипа досега типувале 75,87 отсто од прогнозерите.

На дербито во Мадрид, во кое се среќаваат Атлетико и Реал, најголем процент од играчите предвидуваат реми, а 44,5% мислат дека нема да има победник на овој меч. Околу 40 проценти му даваат шанси на Реал Мадрид, а скромни 14,88 отсто предвидуваат победа на Јорганџиите.

За погодена 13-ка, подарокот сами си го бирате, а изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести