Мнозинството прогнозери им веруваат на домашните од Серија А, типувањето трае уште два дена!

Од 13-те парови во основната понуда на 13-тото коло на бесплатната Спортската прогноза во организација на Sport Life и Спорт Манија, четири се од италијанската Серија А и на сите четири мнозинството прогнозери кои досега се изјасниле, предност им даваат на домашните.

Огромни 85 проценти веруваат во победа на Сампдороија над Лече, над 60 отсто се за триумф Болоња против Сасуоло и на Минца над Салернитана, а за дербито Јувентус – Лацио засега 76 проценти типувале кец.

За вашите прогнози има време до сабота, до 15.30 часот, кога почнува првиот меч.

Со погодени 13 натпревари, имате можност да си изберете сами подарок од понудените три варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X

Меѓу поинтересните дуели во ова коло е и тој во Англија меѓу Њукасл и Челзи во сабота од 18.30 часот. Тука поделеноста кај прогнозерите е евидентна, со блага предност на гостите, но до сабота процентите може и да се сменат.

 

 

- Оглас -

Најнови вести