На 24 часа пред завршувањето на терминот за типување за 15-тото коло од оваа сезона на Спортската прогноза веќе се искристализирани фаворитите на мнозинството играчи на оваа бесплатна игра, во која може да учествуваат сите што имаат СЛ картички на Sport Life.
Најголем број прогнозери, 86,5 проценти, очекуваат победа на Валенсија против Алавес.
Што се однесува до дербијата, и тука повеќе од половина од тие што досега се изјасниле имаат свој фаворит. Во победа на Барселона против Атлетико Мадрид веруваат 59,5 проценти од прогнозерите, а триумф на Ливерпул на гостувањето кај Тотенхем ќе чекаат 59,9 отсто од играчите.
Главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите понудени 13 пара од основната понуда.
Прогнозерот со 13 погодени натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени се добива ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката носи ваучер од 500 денари.