34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Мнозинството тренери во Серија А мислат дека Интер ќе биде шампион

Од 16 тренери кои работат во Серија А и учествуваа во анкетата на „ИтаСпорт прес“, дури 11-мина веруваат дека Интер ќе ја освои титулата во Италија, а тројца беа неодлучни, додека четворица не сакаа да се изјаснат. На прашањето кој ќе биде шампион, 11-мина рекле Интер, а само по еден тренер се определил за Милан и Јувентус.

Дури и Стефано Пиоли од Милан гласал за Интер, како и Гасперини од Аталанта, браќата Инѕаги од Лацио и Беневенто, ексиграчот на Милан, Гатузо, кој го води Наполи, и тренерите на Калјари, Парма, Сасуоло, Торино, Удинезе и Верона.

За Милан гласал само Џовани Стропа од Кротоне, а за Јуве, Винченцо Италијано од Специја.

Неодлучни беа Синиша Михајловиќ од Болоња, Чезаре Прандели од Фиорентина и Клаудио Раниери од Сампдорија, додека во анкетата не гласаа Антонио Конте од Интер, Андреа Пирло од Јувентус, Пауло Фонсека од Рома и Давиде Балардини од Џенова.

На зимската пауза, лидер на Серија А е Милан со еден бод повеќе од градскиот ривал Интер, додека Јувентус, кој во претходните девет сезони по ред беше првак, има 10 бода помалку, но и еден меч помалку од Милан.

- Оглас -

Најнови вести