Мнозинството учесници во Спортска прогноза за денеска предлагаат супер тикет со вкупна квота од 449

Добрата форма од стартот на четвртата сезона на Спортска прогноза се пренесе и на второто коло, има пет учесници со максимални шест погодени саботни мечеви, и тие играчи се во трка за премијата „Ајфон 12“. Во второто коло на бесплатната Спортска прогноза учествуваа вкупно 1.835 прогнозери.

За денеска остануваат уште седум средби од основната понуда. Затоа, добро е да се послушаат советите од мнозинството прогнозери, и ако им верувате, денеска може да составите феноменален тикет со седум меча со квота над 2 и вкупен коефициент од 449.

За глазговското дерби помеѓу Ренџерс и Селтик, 61,93 отсто се изјасниле за единица. Ако верувате дека конечниот тип ќе биде кец, тогаш во Sport Life имате квота 2,50.

Предност на домашните им се дава и на Стразбур против Брест (80,99 проценти мислат така), и на Сасуоло против Сампдорија (68,98 проценти).

Двојки треба да има на мечевите Барнли – Лидс (така мислат 46,2 отсто прогнозери), Унион Берлин – Борусија Менхенгладбах (61,93 отсто) и Волфсбург- Лајпциг (46,2 проценти).

Најголем број прогнозери (48,6 отсто) веруваат дека ќе биде нерешено на пресметката на Рајо Валјекано и Гранада.

Според ова, предлог тикетот за денешните 7 парови од второто коло на Спортска прогноза изгледа вака:

Ренџерс – Селтик 1

Стразбур – Брест 1

Барнли – Лидс 2

Унион Берлин – Борусија Менхенгладбах 2

Волфсбург – Лајпциг 2

Сасуоло – Сампдорија 1

Рајо Валјекано – Гранада Х

 

- Оглас -

Најнови вести