Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, повторно накити елка и семејсната фотографија ја сподели на социјалните мрежи, па како и претходните години, доби многу критики и навреди од Муслимани.
Новина е што годинава на мета е и неговата сопруга Маги, за тоа што со марамата не ја покрила убаво главата, и вака ѝ се гледа вратот, што не требало да биде случај.
Салах при постигнување на голови клекнува и му се заблагодарува на Алах, но според исламистите, посветен Муслиман не смее да го слави Божиќ, оти тоа е голем грев, а некои дури и го навредуваат фудбалерот дека „мозокот му е во нозете, а не во главата“ и дека не е добар пример за своите деца.
Салах беше нападнат за славење Божик и претходните години, како и кога изрази сочувство за смртта на Кралицата Елизабета.