Мечевите од главната фаза на ракометното Светско првенство се во полн ек. Дека нема апсолутни фаворити, синоќа покажа Бразил, кој успеа да ја победи фаворизираната Хрватска. Доколку сте успеале да го погодите ова изненадување, но и да имате уште неколку добитни ракометни прогнози, тогаш сигурно сте во трка за еден од петте мобилни телефони MI8 Lite коишто ги доделуваат спортските обложувалници на Sport Life.
Правилата се едноставни. Составете тикет само со ракометни прогнози и тој треба да биде во топ 5 според погодениот коефициент за да се израдувате на мобилниот телефон MI8 Lite. Финалето на Мундијалот е на 27-ми јануари, а потоа ќе се знаат најдобрите петмина.
Засега, во водство е Младеновски од Маџари со погоден вкупен коефициент од 287,76. Зад него е уште еден скопјанец. Аспровски од Ново Лисиче со погоден коефициент 238,73 е на второто место. Во топ 5 се и Будбаров од Гевгелија (погоден коефициент 216,65), Јакимовски од Прилеп (200,32) и Бачоски од Скопје (188,83). Засега ова се петтемина кои се на позиции коишто носат мобилен телефон MI8 Lite.
Денеска на програмата на Светското првенство има четири меча, кои може многу да решат околу патниците за во полуфиналето. Шпанија игра против сензацијата Бразил, Шведска против Норвешка, Египет – Данска и Хрватска – Германија.