Ајакс од Амстердам направи радикален потег пред почетокот на новата сезона. Холандскиот гигант реши преку WhatsApp апликацијата да извести седум играчи дека повеќе не се дел од првиот тим. Оваа одлука предизвика бројни реакции кај фудбалската јавност, пред сè поради начинот на кој беше спроведена.
Според угледниот „Де Телеграф“, техничкиот директор Алекс Крос создал посебна група на WhatsApp преку која им испратил порака на играчите дека повеќе не се посакувани во првиот тим. Меѓу отпишаните се Чуба Акпом, Карлос Форбс, Борна Соса, Кристијан Хлинсон, Кристијан Расмусен, Џеј Гортер и Бранко ван ден Бумен.
Ниту еден играч не бил повикан на разговор, ниту пак бил телефонски контактиран. Само била испратена кратка и директна порака, а тоа е дека на сите седум играчи веќе не им е дозволено да тренираат со тимот, да го користат ресторанот на клубот или да го делат паркингот со други. Тие можат да го користат теренот и салата само откако остатокот од тимот ќе заврши со тренинг, а сите седуммина на располагање имаат само еден физиотерапевт.
Овој третман, кој многумина го споредуваат со карантин, е критикуван поради неговата студенило и непрофесионализам – особено затоа што сите играчи сè уште се под важечки договори.
Ајакс во минатата сезона на неверојатен начин со очајни резултати во финишот на сезоната остака без титулата во првенството на Холандија.