Модриќ бара од Реал Мадрид тоа што не доби Рамос и многу ѕвезди на кралевите

Лука Модриќ и Реал Мадрид според „Марка“ веќе договориле продолжување на договорот, но сега друг шпански медиум објави дека не е сигурно дека соработката ќе продолжи.

Според „Ел Насионал“ Модриќ побарал продолжување на договорот на две години, а актуелниот му истекува идното лето.

Такво нешто не е пракса на Кралскиот клуб и вообичаено за Реал е на повозрасните играчи над 30 години да им нуди само едногодишно продолжување на договорите.

Таков беше случајот и со долгогодишниот капитен Серхио Рамос, кој си замина од Реал ова лето и се пресели во Пари Сен Жермен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести