Реал Мадрид и Лука Модриќ постигнале начелен договор за продолжување на договорот на хрватскиот играч за уште една сезона, до јуни 2025 година, објавија неколки шпански медиуми.
Фудбалерот има тричасовен состанок со претставници на клубот на чело со претседателот Флорентино Перес, и им кажал дека сака да остане и се согласува на помала за плата за 50 проценти од сегашната.
Модриќ сака кариерата да ја заврши како играч на Реал во летото 2025 година. Тогаш тој ќе има 39 години и ќе биде многу блиску до 40-тиот роденден кој ќе го прослави на 9-ти септември 2025 година. Така би станал најстариот играч кој се пензионирал во дрес на Реал Мадрид.
Сезонава Модриќ има далеку помала минутажа од минатата сезона, но се помири со тоа. На 1 јуни, Хрватот може да се изедначи со рекордерот Пако Генто по бројот (6) на европски титули.
Навивачите и тренерот Карло Анчелоти се за останување на Модриќ, и тој самиот го сака тоа, останува само уште официјализирање на одлуката на клубот.