Модриќ доби ласкаво признание од „Ас“, па порача: „Ќе биде неверојатно ако повторно освојам ЛШ“

Шпанскиот весник „Ас“ на традиционална манифестација ги додели признанијата за изминатава година, но додели и специјална награда, која му припадна на Лука Модриќ. Тој беше прогласен за најдобар фудбалер од средниот ред во изминатата декада, а награди добија и машката и женската фудбалска репрезентација на Шпанија, фудбалерите Родри, Гриезман, Давид Силва…

„На почетокот сакам да им честитам на останатите освојувачи. Чест ми е да бидам тука во друштво на одлични спортисти. Му благодарам на ‘Ас’ за наградата. Чест е да се добие признание од угледен медиум. Благодарен сум им на навивачите, но и на тренерите и на играчите со коишто работев. Би било фантастично ако повторно успеам да ја освојам Лигата на шампионите. Сепак, прво треба да се фокусираме на Ла Лига и Купот“, рече Лука Модриќ.

Запрашан дали планира да го продолжи договорот со Реал Мадрид, Хрватот одби да одговори.

„Сега не е време да се разговара на таа тема. Живеам во сегашноста, фокусиран сум на што ни претстои сега. Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Се обидувам да уживам во секој ден и секој тренинг. Добро сум расположен. Дел сум од најголемиот клуб на светот“, додаде Хрватот.

- Оглас -

Најнови вести