Модриќ доби неочекувана понуда во случај налето да одлучи да ја заврши кариерата

Лука Модриќ оваа сезона најчесто е резерва во Реал Мадрид и шанса за настап добива од клупата. Хрватот настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, но на теренот мина само 890 минути. Карло Анчелоти рече дека му е тешко што мора да донесе таква одлука и да го остави Модриќ на клупа.

Хрватот има понуди од САД и Саудиска Арабија да ја продолжи кариерата, но сега пристигна и понуда од Реал Мадрид. Карло Анчелоти сака да го задржи Модриќ како дел од неговиот стручен штаб и понудата е доколку се одлучи налето да ја прекине фудбалската кариера, веднаш да влезе во стручниот штаб на Реал.

Сепак, во моментов тешко дека Модриќ ќе се одлучи за таков потег и неколку пати најави дека сака да продолжи да игра. Најсериозно заинтересиран за неговите услуги е Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести