Модриќ дојде до 500 меча во кралскиот дрес, а и првиот меч му беше против Барселона (Видео)

Хрватот Лука Модриќ стана 15-тиот фудбалер во историјата кој имал 500 настапи за Реал Мадрид, а четврти меѓу странците кои го носеле дресот на шпанскиот гигант. Повеќе официјални мечеви за Реал одиграле само Бензема, Марсело и Роберто Карлос.

„500 меча за Реал, тоа е неверојатно. Горд сум што го претставував клубот толку многу пати, многу сум среќен што ја достигнав оваа бројка во најголемиот клуб на светот“ – изјави Модриќ, кој дебито за Реал го имаше во август 2012 година, во Суперкупот на Шпанија, против Барселона, истиот противник со кој го одигра и 500-тиот меч.

- Оглас -

Најнови вести