Модриќ е херојот од сенка: На 38 години направи спринт со кој го спаси Реал Мадрид (Видео)

Лука Модриќ ја игра последната сезона во Реал Мадрид, а екипата се подготвува за „живот“ и по Хрватот. Токму затоа Модриќ често не е во стартниот состав, но кога е густо и Реал треба да брка резултат и да се спасува, во игра влегува искусниот Хрват.

Така беше и синоќа, на реваншот против Баерн Минхен. Гостите дадоа гол во 68-мата минута, а веднаш потоа на теренот се најде Модриќ. Главна задача на Модриќ е да креира опасни напади, но искусниот 38-годишен Хрват се покажа како херој, и тоа во дефанзивните задачи.

Се играше 85-тата минута кога Модриќ изведе корнер, а играчите на Баерн Минхен ја исфрлија топката од својот шеснаесетник и брзо тргнаа во контранапад. Дури четворица играчи на Баерн тргнаа во напад, а пред нив беше само Менди како дефанзивец на Реал.

Во тој момент од аголот од каде што се изведува корнерот, и Лука Модриќ тргна во дефанзива. Иако има 38 години, Модриќ истрча спринт и точно навреме стигна да ја освои топката во моментите кога гостите беа во ситуација да постигнат гол. Едноставно, Модриќ покажа како никогаш не смее да се откажува и дека секој истрчан метар може да е клучен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести