Модриќ е одличен фудбалер, но Меси е најдобар

Лионел Меси воопшто не беше меѓу тројцата најдобри фудбалери во изборот на ФИФА, што е за прв пат по неколку години. Аргентинецот ја предводеше Барселона до титулата во Шпанија, но со Аргентина разочара, а Каталонците беа елиминирани и во Лигата на шампионите во минатата сезона.

И покрај тоа што го немаше меѓу најдобрите тројца, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, не признава дека има подобар играч од капитенот на неговиот тим.

„Сите си имаат свое мислење, па и јас имам мое. Лео е најдобриот фудбалер во светот. Тоа е награда која се вика ‘Најдобар’, а за нас играчот кој е најдобар во светот, не беше таму. Модриќ е одличен играч и имаше одлична сезона“, рече Валверде пред денешното гостување на Барселона кај Леганес.

Актуелниот првак на Шпанија во минатото коло киксираше на свој терен и одигра 2-2 против Жирона и сега сигурно сака да се врати на победничката патека.

 

- Оглас -

Најнови вести