Лука Модриќ ги одигра последните 10-тина минути на гостувањето кај Кадис во победата на Реал Мадрид од 2:0. Со овој триумф, хрватскиот репрезентативец се израдува на еден голем јубилеј. Стигна до јубилејната 500-та победа во клупската кариера.
Модриќ е само 25-тиот фудбалер во историјата што стигнал до оваа бројка. Дури 316 победи Лука ги има со Реал Мадрид, 94 пати се радувал со Динамо Загреб, 73 пати победил како играч на Тотенхем, девет пати со Зрињски и осум победи има во дресот на Интер Запрешиќ. Вкупно во кариерата Модриќ има 810 клупски средби, што значи дека победил на 61 отсто од нив.
На оваа листа на фудбалери со 500+ клупски победи лидер е Кристијано Роналдо со 642 победи. Во топ 10 се Рожери Сени со 627 победи, Рајан Гигс 589, Ноел Бали 588, Лионел Меси 588, Фабио 580, Дани Алвеш 570, Икер Касилјас 569, Џанлуиџи Буфон 565 и Роберто Карлос 552. Место на оваа листа има и за Чави (549), Ибрахимовиќ (539), Раул (535), Бензема (527), Ривалдо (516), Иниеста (508), Лампард (507), Рамос (501)…