Модриќ на емотивен начин го испрати во пензија соиграчот со кого мина најмногу сезони заедно

Лука Модриќ со емотивна објава на „Инстаграм“ го испрати Герет Бејл во фудбалска пензија.

Сосема неочекувано, Велшанецот вчера објави дека комплетно ја завршува кариерата откако по завршувањето на Мундијалот во Катар истакна дека веќе нема да игра за националната репрезентација.

Модриќ и Бејл играа заедно во два клуба, во Тотенхем и во Реал Мадрид, и имаа многу успеси, особено во Кралскиот клуб.

„Каква кариера пријателе. Ти си играчот со кого минав најмногу сезони заедно. Беше прекрасно да се игра со тебе и во Тотенхем и во Реал Мадрид. Уживај во животот“, напиша Модриќ.

Интересно е што Лука дојде во Тотенхем во 2008 година, само една година подоцна од Бејл, кој веќе беше член на клубот до Лондон.

Во сосема спротивна ситуација беа во Реал Мадрид. Таму Лука пристигна во 2012 година, а едно лето подоцна дојде и Бејл за тогаш рекорден трансфер од 100 милиони евра.

Заедно освојуваа трофеи во Реал Мадрид, а од најважните имаат по пет пехари во Лигата на шампионите, по три во Ла Лига и по еден во Копа дел Реј.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести