Реал Мадрид со голот на Карим Бензема има предност од 1-0 на гостувањето кај Леванте. Домаќините имаат зошто да жалат бидејќи создадоа многу шанси, ја погодуваа и рамката на голот на Реал, но не ја затресоа мрежата.
Казната стигна пред крајот на првиот дел, и тоа по прегледување на ВАР-системот. Лука Модриќ центрираше, топката удри во раката на нашиот репрезентативец Енис Барди, а судијата по консултација со видеосистемот, досуди пенал за Кралскиот клуб.
Коментарите се затворени.