Модриќ: Хрватска има исто ДНК како Реал Мадрид

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ во разговор за шпанските медуми најави дека Коцкестите ќе го дадат последниот атом од силите во обидот да ја победат Аргентина и да стигнат до финалето на Светското првенство.

„Со нетрпение го чекам мечот против Аргентина. Меси е нивниот најдобар фудбалер, ќе биде тешко да го сопреме, но мораме да бидеме подготвени. Ќе дадеме се од себе. Ќе се обидеме да го одиграме најдобриот меч во нашите животи и да стигнеме до финалето“, вели Модриќ, кој додаде дека е непријатно изненаден од тоа што Шпанија испадна уште во осминафиналето.

Хрватот додаде дека на соиграчите од Реал Мадрид им најавувал дека неговата репрезентација може да стигне далеку на Мундијалот и тоа е така затоа што тие во националниот тим никогаш не се предаваат, нешто слично како што правеле и фудбалерите на Реал Мадрид.

„Пред да заминеме на Светското првенство, со соиграчите од Реал Мадрид многу разговаравме и постојано им велев „Внимавајте на Хрватска“, може да ги прашате дека беше така. Никој не веруваше во нас. Може да се каже дека Хрватска е како Реал Мадрид. Во ДНК на Реал Мадрид е секогаш да се бори до крај и никогаш да не се откажува. Истото е и со Хрватска“, е заклучокот на Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести