Модриќ и Азар ги „држат“ омилените броеви на Мбапе, Французинот веќе има трета опција

Шпанските весници веќе не пишуваат дали Килијан Мбапе ќе дојде во Реал Мадрид, туку ги одбројуваат часовите кога тоа официјално ќе биде потврдено. Ѕвездата на ПСЖ треба да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ за трансфер вреден 170 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до јуни 2022 година, но тој најави дека нема да го продолжи, па доколку Светците не го продадат сега, ќе ризикуваат следното лето да го загубат без да добијат ниту едно евро. Во Шпанија веќе се нагаѓа кој број на дресот ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид.

Како играч на ПСЖ го има носено дресот со бројот 29, а потоа омилени му беа 10-ката и бројот 7, кој сега го носи кај Светците. Во Реал Мадрид се зафатени двата омилени броја на Мбапе. Еден Азар е со бројот 7, а Лука Модриќ со години ја има 10-ката на грбот во Реал.

Како трета опција за нов дрес на Мбапе се споменува бројот 23. И тој борј е зафатен и го носи Ферланд Менди, но според најавите, левиот бек ќе се согласи да му го отстапи тој број на својот многу попопуларен сонародник Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести