Дејвис куп репрезентацијата на Хрватска поведе со 1:0 во полуфиналето, откако Борна Гоја сензационално го победи Душан Лајовиќ со 2:1 во сетови.
На трилогијата која што се игра во Мадрид, на трибините се и двајцата фудбалери на Реал Мадрид, Лука Модриќ и Лука Јовиќ, а се чини дека искусниот играч од средината носи поголема среќа за својата селекција.
Гојо успеа да се врати по негативата од првиот сет (4:6), за потоа со 6:3 и 6:2 да ја донесе можеби и одлучувачката победа на Хрватска.
Следниот меч е за некоја минута а ќе се сретнат Марин Чилиќ и Новак Ѓоковиќ, каде што секако дека Србинот е апсолутен фаворит.
Затоа, Хрватска ќе ја бара својата шанса во двојки, каде што се далеку поквалитетни.
Мектиќ и Павиќ ќе се соочат со Чактиќ и Ѓоковиќ, по што ќе се знае првиот финалист на овогодинешниот Дејвис Куп.
Во второто полуфинале ќе се соочат РТФ (Руска тениска федерација) и Германија.