Модриќ и Ловрен ќе се најдат на обвинителна клупа поради давање лажен исказ

Обвинителството во Осијек поднесе обвинение за давање лажен исказ против капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, и поранешниот репрезентативец, Дејан Ловрен.

Тие се обвинети дека дале лажен исказ за време на судскиот процес против поранешниот потпретседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, неговиот брат Зоран Мамиќ и поранешниот претседател на хрватскиот тим, Дамир Врбановиќ како и против Милан Перван, кој се води поради незаконско извлекување на 15.5 милиони евра од клупската каса.

Обвинителството има докази дека Модриќ и Ловрен, лажеле на судскиот процес, односно ги промениле изјавите и едно зборувале во суд, а друго во истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести