Лука Модриќ ги игра последните денови како фудбалер на Реал Мадрид. По повеќе од 12 години, Хрватот ќе си замине од Кралскиот клуб и тоа веднаш по завршување на Светското клупско првенство. Модриќ верува дека може блескавата кариера во шпанскиот гигант да ја заврши со трофеј и тоа планетарен првак.
Потоа, Модриќ ќе се префрли во Милано, каде ќе го обече дресот на Росонерите. Иако во септември ќе наполни 40 години, Лука изненади со потегот кој планира да го направи. Хрватот најавил дека ќе го скрати одморот, за да може побрзо да се приклучи на својот нов клуб.
Овој потег е неверојатен ако се знае дека Модриќ во сезонава која за него уште трае, веќе има одиграно преку 60 меча, а воопшто не размислува за одмор, туку за тоа како побрзо да се адаптира во тимот на Милан.
„Тоа е потег кој многу зборува за неговата професионалност. Сака да се стави на располагање на тренерот Алегри, кој планира да го вметне како играч пред одбраната на тимот. Лука треба да биде срцето во играта на Росонерите“, пишува италијанскиот весник Газета дело спорт.
Освен што уште го сметаат за играч кој прави разлика на теренот на клупски план, Модриќ уште е незаменлив капитен и во хрватската репрезентација. Едноставно тој е фудбалер кој ретко се наоѓа.