Модриќ и несакајќи прави асистенции, доби пофалби од Анчелоти (Видео)

Лука Модриќ ја промени динамиката на Реал Мадрид, рече Карло Анчелоти после мечот кој неговиот тим го доби со 2-1 против досега непоразената сезонава Барселона.

Модриќ кој има 38 години, е најстариот играч во историјата на Кралскиот клуб што настапил на едно Ел Класико, а денеска Хрватот прослави и јубилеј, по 500-ти пат го носеше дресот на Реал.

По влегувањето на Модриќ на местото на Тони Крос во 63-та минута, дотогаш бледиот Реал почна да се буди, а интересно е дека во 92-ра минута, Модриќ несакајќи му намести гол на Белингам.

По нафрлувањето на Карвахал, Модриќ сакаше да ја смири топката кај себе, но не успеа и тоа се покажа како одлично за неговиот тим, бидејќи топката дојде до Белингам, а тој даде гол за победа.

- Оглас -

Најнови вести